2.995 милијардери во светот се наоѓаат на сите континенти, исто како и коронавирусот, а милијардерите не се имуни на економските загуби предизвикани од пандемијата: првите 100 најбогати производители во светот изгубија околу 408 милијарди долари во последните два месеци.
Обединетите нации проценуваат дека 6,7% од работното време на глобално ниво ќе се изгуби во вториот квартал. Со оваа економска девастација, многумина ги бараат најбогатите луѓе во својата земја и како тие можат да им пружат поддршка. Но, кои се тие богати поединци ширум светот? Погледнете во инфографикот:
Најбогатите поединци во Северна и Централна Америка
1.Џеф Безос, САД: 113 милијарди долари
2.Карлос Слим, Мексико: 52.1 милијарди долари
3.Дејвид Томсон, Канада: 31.6 милијарди долари
Најбогати поединци во Јужна Америка
1. Жозеф Сафра, Бразил: 19.9 милијарди долари
2. Ирис Фонтоба, Чиле: 10.8 милијарди долари
3. Луис Карлос Сармиенто, Колумбија: 9 милијарди долари
Најбогати поединци во Европа
1. Бернар Арно, Франција: 76 милијарди долари
2. Амансио Ортега, Шпанија: 55.1 милијарди долари
3. Бите Хеистер и Карл Албрехт Џуниор, Германија : 33.3 милијарди долари
Најбогати поединци во Азија
1. Џек Ма, Кина: 38.8 милијарди долари
2. Мукеш Амбани, Индија: 36.8 милијарди долари
3. Ли Шау Ки, Хонк Конг: 28.1 милијарди долари
Најбогати поединци во Африка
1. Алико Данготе, Нигерија: 8.3 милијарди долари
2. Ники Опенхајмер, Јужна Африка: 7.4 милијарди долари
3. Насеф Савирис, Египет: 5 милијарди долари
Најбогати поединци во Океанија
1. Џина Рајнхарт, Австралија: 13.1 милијарди долари
2. Греам Харт, Нов Зеланд: 10.5 милијарди долари
Извор: HowMuch