28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонците велат дека маските не се за деца под две години: „Oпасно...

Јапонците велат дека маските не се за деца под две години: „Oпасно е“

Децата на возраст под две години не треба да носат маски затоа што намалената можност за дишење може да го зголеми ризикот од задушување, според јапонската група на лекари кои испратиле апел до родителите откако животот во Јапонија полека се враќа во нормала по укинувањето на вонредната состојба.

Премиерот, Шинзо Абе ја укина вонредната состојба во Токио и четирите преостанати области во понеделникот, откако бројот на зарази падна низ целата земја, но предупреди дека може да се врати брзо ако вирусот повторно почне да се шири.

За да се спречи ширењето на вирусот, светските здравствени експерти ширум светот препорачуваат луѓето носат маски во ситуации кога е тешко да се одржи физичката дистанца како мерка.

Сепак, Јапонскиот сојуз на педијатри ги предупреди родителите дека маските се премногу ризични за малите деца.

„Маските можат да го отежнат дишењето затоа што најмалите имаат тесни дишни патишта“, рекоа тие, додавајќи дека носењето маски го зголемува ризикот од топлотен удар за нив.

„Да престанеме да користиме маски за деца под две години“, се вели во соопштението на сојузот.

Досега, имало многу малку сериозни случаи на коронавирус кај децата, а повеќето се заразени од членовите на семејството.

Американските центри за контрола на болести и Американската академија за педијатрија исто така велат дека децата на возраст под две години не треба да носат маски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП