29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОблачно со услови за дожд и температура до 21 степен

Облачно со услови за дожд и температура до 21 степен

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време и посвежо со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП