25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗоолошката градина во Скопје од утре почнува со работа

Зоолошката градина во Скопје од утре почнува со работа

Зоолошката градина во Скопје од утре, 26 мај, од 9 часот, почнува со работа, но со нов протокол за движење и придржување кон мерките за заштита од коронавирус.

„Ве очекуваме на повторна дружба и прошетка, но овојпат поради ситуацијата, со нов протокол за движење и придржување кон мерките: Носење маска/марама при влез во Зоо Скопје. Чекаме ред на дистанца од 1,5 м уредно обележано. Строго е забрането хранење и доближување до животните. Отпадоците да се фрлаат во корпите. Не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта. Низ зоолошката градина, држете дистанца од другите посетители“, соопштија од ЗОО-Скопје.

Исто така, бројот на посетители ќе биде ограничен, за да не се создава поголема гужва низ градината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП