27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАOбјавата за нова вакцина против коронавирусот донесе милионска заработка на Волстрит

Oбјавата за нова вакцина против коронавирусот донесе милионска заработка на Волстрит

Акциите на американската компанија Модерна пораснаа за неверојатни 30 проценти минатиот понеделник.

До скок на цената на акциите дојде откако беше објавено дека се остварени ветувачки резултати во потрагата по ефикасна вакцина против коронавирусот, објави Си-Ен-Ен.

Во понеделникот и вторникот, финансиските и медицинските директори на компанијата Модерна ги продадоа своите акции и остварија вкупна добивка од 27 милиони долари за само 24 часа.

Вкупната пазарна вредност на оваа компанија за биотехнологија порасна за неверојатни 29 милијарди долари, иако компанијата нема свои производи на пазарот, пренесува Си-Ен-Ен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП