20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПремногу луѓе на плажите ширум Европа предизвикаа загриженост

Премногу луѓе на плажите ширум Европа предизвикаа загриженост

Три града на северозападниот дел на Франција во средата ги затворија своите плажи поради „неприфатливо“ непочитување на социјална оддалеченост, пренесува BBC.

Неколку градски совети во Холандија, во меѓувреме, побарале од германските туристи да не ја преминуваат границата за време на државниот празник во четвртокот, а во Англија, градскиот совет на Саутенд соопшти дека ќе мора да преземе некои мерки поради преголем број на луѓе на плажите.

Европските земји во средата пријавиле 1,74 милиони случаи, од кои 164.349 смртни, според Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Најголем број смртни случаи има во Велика Британија, Италија, Франција, Шпанија и Белгија.

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека сè уште постои ризик и ги повика луѓето да продолжат да го прилагодуваат своето однесување за да го намалат преносот на COVID-19.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП