24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДизајнер на чанти чека пари за маски

Дизајнер на чанти чека пари за маски

Германскиот дизајнер на женски чанти, Чанај Јилдиример за време на кризата со коронавирусот, се преориентира на производство на заштитни маски, за кое уште чека пари од државата.

На почетокот на пандемијата од коронавирусот во Германија недостасуваа пред се заштитни маски, а за да се реши овој проблем, Министерството за здравство на производителите им понуди откуп на маски по фиксна цена.

Многумина се радуваа на таа понуда, но сега се иритирани, затоа што сè уште не ги добиле парите.

Јилдиример за весникот „Süddeutsche Zeitung“ изјави дека сè уште не ги добил ветените пари.

Вели дека произвел три милиони маски, дека сега инвеститорите тропаат на неговата врата, бараат пари, а тој самиот чека на исплата од државата.

Министерството за весникот изјави дека се уште ја тестира испорачаната стока.

Јилдиример посочува дека ја доставил стоката уште на 4 мај, и дека од тогаш чека отплата.

Досега добиле само еден имеил во кој се укажува дека дошло до задоцнување во проверката и исплатата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП