19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцуски здравствени работници казнети поради протест

Француски здравствени работници казнети поради протест

Најмалку 50 здравствени работници се казнети парично, а три лица се уапсени поради протести пред болницата во Париз, објави BBC.

Повеќе од 400 лекари, медицински сестри и помошен персонал побарале подобро финансирање на болницата, за која француските медиуми велат дека е во финансиски проблеми.

Полицијата соопшти дека демонстрантите ги кршеле правилата за социјално дистанцирање. Полицајците барале демонстрантите да се тргнат и на оние кои тоа го одбиле им пишале казни од по 135 евра на лице место.

Демонстрантите барале зголемување на платите и реформи за подобри услови за работа на здравствените работници.

Болницата Роберт Дебре, на северот на градот, веќе имала финансиски проблеми пред избувнувањето на коронавирусот, а епидемијата само дополнително ја влошила ситуацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП