Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,992.58 0.36%    GRNT 970.00 -0.51%    KMB 5,848.81 -0.02%    MPT 67,498.00 -0.04%    RMDEN15 99.00 0%    RMDEN18 98.70 0%    STB 1,064.15 0.6%    TNB 16,200.00 -2.99%    TTK 1,180.00 -2.88%    UNI 2,015.00 -2.92%    UNIPO 101.50 -0.29%    

Скопјани сакаат да рециклираат, но на градот му недостигаат контејнери за селекција на отпад

Време: 13:25

Датум: мај 22, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Благодарение на потенцирањето на важноста на рециклирањето на глобално ниво, жителите на Скопје покажуваат се’ поголема наклонетост и одговорност кон селектирањето на отпадот. Но, додека еколошката свест на граѓаните постојано расте, институциите и општините потфрлаат со обезбедување на потребните услови за одложување на отпадот, што се покажува како голема пречка во мисијата за креирање на чиста, здрава и одржлива животна средина.

Најголем проблем во моментов претставува недостатокот од соодветни контејнери за одложување на отпад во градот. Голем дел од жителите на Скопје го селектираат отпадот во својот дом, но се демотивирани од фактот дека треба да поминат голем пат до најблискиот контејнер или пак да го возат отпадот со нив низ половина град обидувајќи се да најдат место за одложување на хартиениот отпад, весниците или пластичните шишиња од нивниот дом.

Според сознанијата на нашата редакција, „Пакомак“ уште минатата година на Град Скопје му донираше дополнителни 30 контејнери за селекција на хартија и пластика, кои се од истиот тип и производител како новите контејнери кои беа поставени на улиците низ главниот град и можат да се празнат само со новите камиони на КХС. Оттогаш помина скоро цела година, а контејнерите се’ уште не се поставени.

Од вкупно 30 контејнери, 15 од нив се за хартија и 15 за пластика, а сите се со капацитет од 2,5 m3. Скоро цела година Град Скопје свесно одбива да користи капацитет за селекција на отпад од 75 m3 и наместо да го рециклира отпадот според типот (пластика, хартија, стакло), надлежните лица одлучуваат дека нема потреба од рециклирање и сиот отпад заедно се исфрла на едно место.

Како образложение, во Градот Скопје велат дека се уште работат на утврдување на соодветните локации за поствување на овие 30 контејнери за селеквција на отпадот.

„Станува збор за контејнери со поголем габарит и истите треба да се постават на 15 локации, каде ќе има по два контејнери за комунален смет и по еден од двата нови за селекција на хартија и пластика. Поради нивниот голем габарит имаат и поголеми просторни побарувања и се работи на утврдување на посебните 15 локации каде истите би се поставиле, информираат од Градот Скопје.

За да го одржиме градот убав, чист и здрав, секој од нас треба да придонесе со свој дел. И додека свеста за важноста на рециклирањето кај граѓаните расте, се чини дека таа свест кај надлежните како да не ни постои. Така, наместо градоначалникот Шилегов и Град Скопје да го постават примерот по кој ќе се водат граѓаните, тие изгледаат незаинтересирани за еден проблем кој ја опфаќа не само моменталната популација, туку и идните генерации кои ќе живеат на оваа територија. Жителите на Скопје уште еднаш наидуваат на разочарувачко отсуство на реакција на надлежните лица, што резултира во остра критика која нашата редакција реши да ја истакне пред јавноста преку пишан збор. А критика ќе постои се’ додека има основа за тоа.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Денар анализа: Граѓаните враќаат огромни камати на државните кредити!

    Денар анализа: Граѓаните враќаат огромни камати на државните кредити!

    По издавањето на седмата еврообврзница вредна 700 милиони евра, Денар анализираше – колкав јавен долг има Македонија, кога доспеваат за враќање натрупаните стари долгови, и…

  • Скопје, Куманово, Штип, Тетово и 12 околни општини во 80-часовен карантин, останатите со дневни рестрикции

    Скопје, Куманово, Штип, Тетово и 12 околни општини во 80-часовен карантин, останатите со дневни рестрикции

    Од синоќа во 21 часот тече 80-часовниот полициски час за граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и…

  • Червар: Металург се „дограбиле“ до некои пари

    Червар: Металург се „дограбиле“ до некои пари

    По потврдата дека Златко Хорват потпишува за Металург, прекинувајќи ја 25-годишната соработка со ППД Загреб, иако клубот му понудил едногодишен договор, се јави и хрватскиот…

  • Бугарија воведе 14-дневен карантин за лица што влегуваат од Македонија

    Бугарија воведе 14-дневен карантин за лица што влегуваат од Македонија

    Бугарското Министерство за здравство издаде наредба со која се воведува 14-дневен задолжителен карантин за лица кои во државата влегуваат од Македонија. Со истата наредба се…

  • Сончево и ветровито, попладне со услови за дожд

    Сончево и ветровито, попладне со услови за дожд

    Претпладне сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта…

  • Во Хрватска скоро 50.000 луѓе останаа без работа поради пандемијата

    Во Хрватска скоро 50.000 луѓе останаа без работа поради пандемијата

    И покрај мерките на владата на Андреј Пленковиќ за зачувување работните места, во Хрватска без работа во првите два и пол месеци од коронакризата останаа…

  • Германија гради алијанса со три држави поради вакцина: “Едно од најитните прашања”

    Германија гради алијанса со три држави поради вакцина: “Едно од најитните прашања”

    Германија и уште три земји членки на Европската унија градат нова алијанса, која има за цел да обезбеди пристап до вакцини против коронавирус, веднаш кога…

  • Двајца починати и 120 нови случаи на коронавирус во Македонија

    Двајца починати и 120 нови случаи на коронавирус во Македонија

    Две лица починаа од коронавирус во последните 24 часа во Македонија, а регистрирани се 120 нови случаи, што е една од најголемите бројки на нови…

  • САД воведоа ограничувања за уште 33 кинески компании

    САД воведоа ограничувања за уште 33 кинески компании

    Американскиот секретаријат за трговија објави дека новите рестрикции за 33 кинески компании и институции ќе стапат во сила во петок. Минатиот месец секретаријатот објави дека…

  • САД забрануваат летови на кинеските компании

    САД забрануваат летови на кинеските компании

    САД од 16 јуни ќе воведат реципрочна мерка, забрана за летови на кинеските компании кон Америка. Тие, исто така, ќе извршат притисок врз Пекинг за да…