28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстар пад на цената на нафтата

Остар пад на цената на нафтата

Цените на нафтата утрово нагло паднаа, како последица на новите тензии на релација САД и Кина. На лондонскиот пазар цената на барелот се спушти за 3,5 проценти, на 34,80 долари, додека на американскиот пазар потона 5,5 проценти, на 32,05 долари.

Но, цените на „црното злато“ и понатраму се на пат на значителни добивки четврта недела по ред, бидејќи инвеститорите очекуваат раст на побарувачката со постепено закрепнување на светската економија.

На девизните пазари, доларот во однос на корпата на валути зајакна, прв пат по четири дена. Неговиот индекс, кој го следи движењето на американската према шесте најважни светски валути, утрово се движеше околу 99,50 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 99,35 поени.

Притоа, курсот на американската во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 107,65 на 107,55 јени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП