24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЈП Водовод и канализација – Скопје овозможува пристап до своите услуги преку...

ЈП Водовод и канализација – Скопје овозможува пристап до своите услуги преку мобилната апликација

ЈП Водовод и канализација – Скопје е секогаш во служба на своите корисници и граѓаните на градот Скопје. Следејќи ги трендовите на дигитализација, ЈП Водовод и канализација – Скопје, овозможува пристап до сите информации за претпријатието преку својата веб страна www.vodovod-skopje.com.mk, пристап до електронските сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk и преку мобилната апликација достапна за Android и IOS.

ЈП Водовод и канализација – Скопје е прво јавно претпријатие кое им овозможува на своите корисници пристап до своите услуги преку мобилна апликација. Со скенирање на QR кодовите, овозможуваме директен пристап до мобилната апликација. Со превземање и примена на мобилната апликација корисниците покрај можноста за плаќање на сметките, пријавување на состојба на водомерите и дефекти, имаат можност на брз, лесен и едноставен начин со следење на упатствата, во секој момент да направат преглед на корисничките броеви, да додадат корисник или доколку имаат промени да ги ажурираат своите податоци. Со избирање на опцијата, информатор, корисниците имаат можност да бидат во тек со сите новитети, информации од јавен карактер и оперативни активности на терен.

За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, заинтересираните граѓани може да се обратат на:

– 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;  02 3240 300, Дирекција; [email protected]; www.vodovod-skopje.com.mk;  www.facebook.com/jpvodovod.skopje.

Доколку, сепак имате потреба да не посетите, истото можете да го направите, во Дирекција, каде шалтерите за наплата, во согласност со новите промени за движење, работат секој работен ден од 7:30 до 17 часот и сабота од 8 до 13 часот. За таа цел и со цел да се заштитиме и превенираме во ширењето на коронавирусот, задолжително носете маска, држете растојание, не се групирајте и следете ги сите препораки издадени од Министерството за Здравство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП