25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали топлото време ќе го запре коронавирусот?

Дали топлото време ќе го запре коронавирусот?

Неколку статистички студии спроведени во последните месеци покажаа поврзаност помеѓу климата и коронавирусот – колку е повлажнo и потоплo, толку е помала веројатноста за ширење на вирусот.

Летните температури во северната хемисфера веројатно нема да влијаат значително на пандемијата од коронавирус, тврдат научниците од Принстон. Станува збор за првични податоци и поврзаноста помеѓу климата и COVID-19 која во голема мера е непозната. Студијата од Принстон, објавена во списанието Science, не ја исклучува таа поврзаност, но заклучува дека влијанието на климата врз ширењето на вирусот е „скромно“.

„Нашите откритија покажуваат дека, без влијателни контролни мерки, вирусот ќе продолжи да се шири и за време на потопло и влажно време. Тоа нема значително да ја спречи пандемијата“, се вели во студијата.

„Предвидуваме дека влажните и потопли клими во првата фаза нема да го забават вирусот“, изјави Рејчел Бејкер од Принстон.

Иако климатските влијанија, особено влажноста, имаат улога во ширењето на други коронавируси и грип, авторите велат дека во овој случај е поважно отсуството на широк имунитет на COVID-19.

„Забележуваме одредено влијание на климата врз раширеноста и„ тајмингот“ на пандемијата, но генерално, вирусот ќе продолжи да се шири затоа што нема доволно имунитет кај населението“, објасни Бејкер.

Потсетува на земји како што се Бразил, Еквадор или Австралија, каде потоплото време немаше големо влијание врз пандемијата.

„Не изгледа дека климата го регулира ширењето на вирусот“, истакна таа.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП