27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАWall Street падна поради напнатоста помеѓу САД и Кина

Wall Street падна поради напнатоста помеѓу САД и Кина

На Wall Street во четвртокот, цените на акциите паднаа како резултат на зголемените тензии помеѓу САД и Кина, што ја доведува во прашање реализацијата на трговскиот договор од почетокот на годината помеѓу двете најголеми светски економии.

Dow Jones падна за 101 поени, или 0,41 проценти, на 24.474 поени, додека S&P 500 падна за 0,78 проценти, на 2.948 поени, а индексот Nasdaq падна за 0,97 проценти, на 9.284 поени.

Падот на индексот е последица на растот на тензиите помеѓу Вашингтон и Пекинг, откако претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека остро ќе реагира доколку Кина воведе закон за национална безбедност без желба на народот во Хонг Конг и дека тој чин би наишол на меѓународна осуда.

Кина во четвртокот најави донесување на нов закон за национална безбедност, по минатогодишните продемократски протести во Хонг Конг, со кои ќе се забрани отцепување на Хонг Конг од Кина, мешање од странство, терористички активности, како и сите други активности за кои се проценува дека ќе се поткопа централната власт во Пекинг.

Претходно, американскиот државен секретар, Мајк Помпео ја критикуваше реакцијата на Кина за избувнувањето на коронавирусот, а исплатата на Кина од 2 милијарди долари за борба против пандемијата ја нарече незначителна, во споредба со изгубените стотици илјади животи и направената штета.

Кина, од друга страна, порача дека нема да се воздржи од ескалација на тензиите.

„Изгледа дека Кина ќе биде вреќа за удурање на претстојните претседателски избори во САД. Белата куќа процени дека е поефективно да се удри по Кина отколку да се спаси останатото од првата фаза од трговскиот договор“, изјави Боб Шеа, директор во компанијата TrimTabs Asset Management.

Поради тоа вчера паднаа цените на акциите во 11-те најважни сектори на S&P 500 индексот, а најмногу, повеќе од 1 процент, во енергетиката, рударството, потрошувачката и технологијата.

Еден ден претходно, S&P 500 индексот го достигна највисокото ниво во последните два месеци. Благодарение на огромниот фискален и монетарен стимул, тој индекс се зголеми за повеќе од 30 проценти од 23 март, кога поради коронакризата падна на најниско ниво во последните години. Но, и понатаму е далеку од 13 отсто од своето рекордно ниво, достигнато на 19 февруари.

И на европските берзи, цените на акциите паднаа вчера. Лондонскиот FTSE индекс падна за 0,86 проценти, на 6.015 поени, додека франкфуртскиот DAX падна 1,41 проценти, на 11.065 поени, а париски CAC 1,15 проценти, на 4.445 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП