25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолското индустриско производство во април потона за четвртина

Полското индустриско производство во април потона за четвртина

Полското индустриско производство во април е за 24,6 отсто помало отколку во истиот период минатата година, покажуваат податоците кои во четвртокот беа објавени од полската новинска агенција PAP.

Во април, од првиот до последниот ден беа во сила ограничувања со кои владата се обидуваше да го спречи ширењето на коронавирусот.

Падот беше повеќе од двојно поголем отколку што очекуваа економистите.

Производството е намалено во сите поголеми индустриски сектори, соопшти полската канцеларија за статистика GUS. Податоците, според тоа, покажуваат скоро 80 ​​проценти пад на производството во автомобилскиот сектор и 50 проценти пад на производството на мебел.

Висок официјален претставник на Министерството за финансии во средата изјавил дека може да ја променат проценката според која БДП на Полска оваа година би требало да падне за 3,4 проценти, бидејќи мерките за контрола на пандемијата траеле подолго од очекуваното.

Економијата може да се намали за четири до пет проценти, изјави тој, додавајќи и дека пред ребалансот на буџетот кој се очекува на крајот на јуни или почетокот на јули, владата има намера да суспендира регулатива со која се ограничува јавната потрошувачка.

Полска до средата забележа 19.268 зарази на коронавирус и 948 смртни случаи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП