17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ има намера три пати да го зголеми земјоделското земјиште за органско...

ЕУ има намера три пати да го зголеми земјоделското земјиште за органско производство

Целта на Стратегијата на ЕУ „Од фарма до вилушка“ е 25 проценти од земјоделското земјиште во ЕУ органски да се обработува до 2030 година, што е тројно зголемување, пренесува Euraktiv.com.

Стратегијата која е објавена во средата (20-ти мај) по неколку одложувања, го истакнува потенцијалот на органското земјоделство за зачувување на животната средина и создавање одржлив земјоделски систем.

„Пазарот на органска храна продолжува да расте и органското земјоделство треба дополнително да се промовира“, се вели во стратегијата, истакнувајќи дека има “позитивно влијание врз биолошката разновидност, создава работни места и привлекува млади земјоделци”.

Додаде дека Комисијата ќе претстави план за органско земјоделство, дизајниран да им помогне на земјите-членки „да ја стимулираат понудата и побарувачката за органски производи“, и ќе работи за обезбедување доверба на потрошувачите.

Стратегијата, исто така, се фокусира на важноста на безбедноста на семето, истакнувајќи дека земјоделците мораат да имаат пристап до „низа квалитетни семиња за растителни сорти прилагодени на притисоците на климатските промени“.

Европската асоцијација за органско производство ја поздрави „значајната одлука органското да се стави во центарот на идниот европски систем на исхрана“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП