6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCommerzbank се откажува од работењето во Британија

Commerzbank се откажува од работењето во Британија

comerc

Втората поголемина германска банка „Commerzbank“ објави дека постигнале договор за продажба на големо портфолио на кредити за комерцијални недвижности во Велика Британија на американската банка „Wells Fargo“ и инвестицискиот фонд „Lone Star Funds“.

Договорената трансакција се однесува на кредити за комерцијални недвижности со вкупна вредност од пет милијарди евра, како и целовкупното оперативно работење на „Hypothekenbank“ – Франкфурт во Британија.

„ „Commerzbank“ денеска потпиша договор за продажба на портфолиото на кредити за комерцијалните недвижности во Британија на конзорциумот кој го сочинуваат „Wells Fargo“ и „Lone Star Funds“. Станува збор за една од најголемите трансакции во сегментот на кредити за комерцијалните недвижности во последнава година во Европа“, стои во соопштението на „Commerzbank“.

Продажната цена не беше наведена, но од „Commerzbank“ открија дека трансакцијата ќе резултира со намалување на трошоци од околу 179 милиони евра.

„Со оваа трансакција прифаќаме одредена загуба со која ќе биде намалена добивката во 2013-та година, но со тоа ќе ги елиминираме ризикот од трошоци во наредните години“, вели финансискиот директор на „Commerzbank“, Штефан Енгелс.

Договорот ќе и помогне на „Commerzbanк“ побргу да го намали обемот на работа кој не е дел од нивната основна дејност, како и портфолијата на лошите кредити за недвижности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП