11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНБРМ: Вкупните депозити се непроменети, продолжува растот на кредитирањето

НБРМ: Вкупните депозити се непроменети, продолжува растот на кредитирањето

Во април вкупните депозити се непроменети во споредба со март. Годишната стапка на раст изнесува 6,3 отсто при поголем раст на депозитите на домаќинствата, соопшти Народната банка.

Во најновиот извештај се наведува дека вкупните кредити продолжиле да растат на месечна основа и дека годишниот раст на вкупните кредити од 5,5 отсто се должи на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на секторот домаќинства.

Со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, во согласност со регулаторните промени според одлуката на Народната банка, кај вкупните кредити е забележан раст од 6,9 отсто на годишно ниво.

На годишна основа депозитите на корпоративниот сектор и на секторот домаќинства се зголемени 6,5 и 7,8 отсто, соодветно.

На годишна основа кредитирањето на корпоративниот сектор бележи раст од 2 отсто. Со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, во согласност со регулаторните промени според одлуката на Народната банка, годишниот кредитен раст кај корпоративниот сектор изнесува 4 отсто.

Вкупните кредити на домаќинствата забележаа годишен раст од 9,4 отсто. Со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, во согласност со регулаторните промени според одлуката на Народната банка, годишниот кредитен раст кај домаќинствата изнесува 10,2 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП