28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија прв пат продаде обврзници со негативен принос

Британија прв пат продаде обврзници со негативен принос

Велика Британија во средата прв пат продаде државна обврзница со негативен принос, што значи дека владата реално заработува со задолжувајки се, бидејќи инвеститорите се согласиле по достасувањето да им се исплати нешто помала сума од онаа која и ја позајмиле на државата.

Државната канцеларија за управување со државниот долг објави дека на аукција продала државни обврзници во износ од 3,75 милијарди фунти (4,6 милијарди долари) со негативна стапка на принос од -0,003 проценти, пренесува Reuters.

Рокот на достасување е во јули 2023 година.

Иако инвеститорите ќе добијат годишна каматна стапка од 0,75 проценти, тие ги платиле обврзниците повеќе од нивната номинална вредност, па нивното враќање на парите ќе биде помалку од износот кој го позајмиле доколку тој документ за партнерство го држат до рокот на достасување.

Обединетото Кралство им се придружи на Јапонија, Германија и некои други европски земји во продажба на долг со принос под нула проценти, што, според Reuters, укажува на можна длабока рецесија поради коронакризата и натамошната активност на централните банки при купување обврзници за да го ублажат нејзиното влијание.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП