19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGSK раздал 500 милиони долари мито во Кина

GSK раздал 500 милиони долари мито во Кина

gty_gsk_headquarters_nt_120702_wg

Британскиот фармацевтски гигант „GlaxoSmithKline“ (GSK) користел туристички агенции и консултантски куќи како посредници за да раздава мито на официјални лица, медицински институции и лекари и на тој начин незаконски да ги подигне пазарните цени на лековите кои ги продавле во Кина, се со цел да го зголеми профитот. Ова вчера го соопшти кинеската полиција, пренесува агенцијата „Reuters“.

Од 2007-та година компанијата префрлила 3 милијарди јуани (488 милиони долари) на над 700 туристички компании во азиската држава. Властите откриле дека зад нив стои токму „GSK“, а во некои случаи дури и се користи мито од типот на сексуални услуги. Во рамките на истрагата се уапсени четворица високи кинески службеници.

Засега не се превземени никакви дејствија против британски државјани, а од централата на фармацевтскиот производител во Лондон се уште немаат коментар на оваа тема. Порано од „GSK“ изјавија дека биле информирани за природата на истрагата и дека не нашле докази за мито или други коруптивни практики во Кина. Од компанијата ветија дека ќе има помогнат во истрагата на кинеските власти.

На крајот на минатата недела кинеското Министерство за здравство објави дека припадници на британската корпорација имаат признаено за мито и кршење на даночните закони. „GlaxoSmithKline“ е една од серијата странски компании кои работат во втората светска економија, а против која се започнати слични истраги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП