25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврото зајакна во однос на доларот поради зголемената побарувачка

Еврото зајакна во однос на доларот поради зголемената побарувачка

Еврото зајакна малку во однос на доларот на меѓународните пазари во средата, поради зголемената побарувачка под влијание на германско-францускиот предлог за заеднички фонд за закрепнување на европските економии.

Еврото зајакна скоро 0,2 проценти, на 1,0945 долари, близу највисоките нивоа за две недели од 1.09755 долари.

Во вакви околности, индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американските во однос на другите шест најважни светски валути, остана близу до најниското ниво за три недели од 99.225 поени, на што падна во тргувањето претходниот ден.

Швајцарскиот франк, “валута-засолниште” во кое инвеститорите честопати инвестираат во неизвесните времиња за економијата, зајакна во однос на доларот и еврото бидејќи инвеститорите беа нешто помалку склони да преземаат ризици.

Франција и Германија во понеделникот предложија фонд за обновување во вредност од 500 милијарди евра од кој би се исплаќале грантови за регионите и секторите кои се најтешко погодени од новата пандемијата од коронавирус и да и се дозволи на Европската комисија да се задолжува во име на ЕУ како целина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП