26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХоландија и Шведска ја продолжија забраната за влез до 15 јуни

Холандија и Шведска ја продолжија забраната за влез до 15 јуни

Владите на Холандија и Шведска одлучија да ја продолжат забраната за влез на граѓаните кои не се членки на ЕУ, Велика Британија и Шенген зоната, до 15 јуни поради пандемијата, пренесува SchengenVisaInfo.com.

Одлуката на Шведска се однесува за луѓе кои патуваат во Шведска од сите земји, освен Норвешка, Исланд, Лихтенштајн, земјите членки на ЕУ, Велика Британија и Швајцарија. Шведските граѓани исто така се ослободени.

Постојат исклучоци од шведската забрана за влез, а тоа се државјани на ЕУ и лица кои добиваат дозвола за престој во земјата, тие имаат право да се вратат во своите домови, како и лица кои вршат клучни функции во земјата.

Владата на Холандија ќе им овозможи на граѓаните на ЕУ, Велика Британија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија, како и на нивните семејства, да влезат во земјата.

На луѓе со виза, како и на лица со дозвола за привремен престој исто така ќе им биде дозволено да влезат во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП