3 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзраел и биткоинот трошат иста количина на енергија

Израел и биткоинот трошат иста количина на енергија

Порталот The Next Web донесе неколку нови интересни податоци за биткоинот.

Вчера се извршени 273.595 трансакции во кои биткоинот е користен како валута.

Вкупно, во моментов има 13.439 лица кои се “биткоин милионери”, односно тоа е бројот на адреси на кои се наоѓаат биткоини во вредност поголема од милион долари.

Се проценува, дека вчера биле потрошени 161 милиони киловат-часови електрична енергија на биткоини. На годишно ниво, тоа би изнесувало 59 терават-часови, што е еквивалентно на потрошувачката на електрична енергија во Израел.

Во моментов, за биткоин се троши енергија која изнесува 0.26 проценти од вкупната потрошувачка на енергија ширум светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар