18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолека враќање во нормала: Цената на нафтата порасна на 35 долари за...

Полека враќање во нормала: Цената на нафтата порасна на 35 долари за барел

Цената на нафтата од типот Brent пораснала на јулските фјучерси за 0,75 проценти и изнесува 34,91 долари за барел.

Во исто време, цената на нафтата од типот VTI пораснала за 0,5 проценти и во моментов изнесува 32,12 долари за барел.

Според аналитичарите, до зголемувањето на цената на нафтата дошло бидејќи залихите на „црното злато“ во текот на минатата недела се намалиле за 4,8 милиони барели.

Инаку, цената на нафтата драстично порасна во последните три недели, што е доказ дека мерките кои се донесени по прашањето за намалување на производството на овој извор на енергија вродија со плод.

„Малку сме изненадени што цените на бензинот толку брзо се вратија во нормала“, изјави аналитичарот од Австралиската банка Вивек Дара.

Тој исто така изрази надеж дека цените на нафтата во најлош случај, ќе остане иста во наредните месеци, иако се очекува нејзин благ пораст доколку складиштата и понатаму продолжат да се празнат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП