17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа плажите во Белгија само со резервација

На плажите во Белгија само со резервација

Градските власти на Остенде на брегот на Северното море во Белгија објавија систем за резервација за најпосетуваните плажи со цел спречување на можното ширење на коронавирусот.

Неколку места на брегот на морето во фламанскиот дел на Белгија се подготвуваат за летната сезона, која оваа година ќе биде различна, поради епидемијата од коронавирус од која во Белгија починаа повеќе од 9.000 луѓе.

Плажата во местото Кноке кај Остенде од скоро има прегради за влез на едната страна и тие се наменети за семејства кои на тој начин држат физичко растојание од другите.

Остенде, која е една од омилените дестинации на море, се подготвува во екот на сезоната да прими дневно до 50.000 туристи. Градските власти одлучија дека со резервациите ќе бидат најдобро распоредени посетителите, а најпопуларните плажи ќе бидат отворени само за оние кои имаат резервација.

„Посетителите пред да заминат ќе бидат сигурни дека ќе ги чека место на плажа“, соопштија градските власти, пренесува AFP.

Белгија е тешко погодена од пандемијата од коронавирус и таа земја има една од највисоки стапки на смртност во светот во однос на бројот на населението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП