19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија очекува раст на бројот на невработени од 1,6 на 2,5 милиони

Русија очекува раст на бројот на невработени од 1,6 на 2,5 милиони

Официјално регистрирани невработени Руси во моментов има 1,6 милиони, а се очекува нивниот број да продолжи да расте во мај и јуни.

Се проценува дека нивото на регистрирана невработеност во земјата ќе биде 2,5 милиони луѓе, додека вкупниот број на оние кои ја изгубиле својата работа како резултат на кризата предизвикана од коронавирусот, може да достигне 5,3 милиони, според Меѓународната организација на трудот (МОТ), изјави рускиот министер за труд и социјална заштита, Антон Котјаков.

“Бројот на регистрирани невработени достигна 1,6 милиони. Сериозно разгледавме различни ситуации според различни сценарија. Со оглед на проценетите податоци кои ги гледаме денес, бројот на невработени ќе продолжи да расте во мај и јуни”, истакна Котјаков.

Според него, пазарот на труд минува низ тешки, но не катастрофални периоди.

Претходно, руската вицепремиерка, Татјана Голикова изјави дека бројот на невработени во земјата е скоро двојно зголемен од нивото на 725.800 лица.

Таа изјавила дека 1.654.000 руси од 1 март 2020 година се обратиле до државните агенции, за помош при наоѓање на работа или за добивање бенефиции за невработеност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП