5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Еврозоната ќе се врати на ниво пред пандемијата дури следната година

ЕЦБ: Еврозоната ќе се врати на ниво пред пандемијата дури следната година

Економијата на еврозоната веројатно нема да се врати на нивото пред пандемијата пред идната година, а закрепнувањето би можело да трае и подолго, изјави главниот економист на Европската централна банка (ЕЦБ), Филип Лејн.

„Во секој случај, гледано од сегашна перспектива, се чини дека економската активност нема да се врати на нивото пред кризата пред 2021 година, а (закрепнувањето) би можело да трае и подолго“, изјави Лејн.

ЕЦБ континуирано ја следи состојбата и се подготвува по потреба да ги прилагоди сите инструменти, вклучително и програмата за итни случаи во време на пандемија.

Особено се фокусирани на анализата пред редовната седница во јуни.

„Ако забележиме дека условите за финансирање се премногу строги или дека притисокот на одредени пазари на обврзници не ги одразува економските показатели, можеме да ја прилагодиме вредноста или роковите на купување (средства), кои и така можеме флексибилно да ги распоредимеме со тек на време и пазарните сегменти“, потсети претставникот на ЕЦБ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП