18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците успешно лансираа мистериозен авион во вселената (видео)

Американците успешно лансираа мистериозен авион во вселената (видео)

Авионот Х-37Б беше успешно лансиран од Кејп Канаверал со употреба на ракетата Атлас V.

Лансирањето беше успешно завршено еден ден подоцна од планираното. Програмата за лансирање беше одложена поради лошите временски услови. Овој авион е попознат како Orbital Test Vehicle (OTV), а неговата задача ќе биде да го испорача сателитот во орбитата и да тестира одредена технологија.

За X-37B, тоа е шеста мисија. Авионот нема екипаж и е контролиран со далечински управувач од Земјата.

Лансирањето е посветено на оние кои се во првите редови на борбата против пандемијата на коронавирус, како и на оние кои се заразени и се борат со болеста Ковид-19. На ракетата е напишана пораката „Силна Америка“, пишува „Би-би-си“.

За оваа програма се знае многу малку. Пентагон досега не ги откри деталите за своите мисии, така што овој мистериозен авион исто така остана обвиткан во тајност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП