5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ќе ја води меѓународната истрага за тоа како се рашири пандемијата...

ЕУ ќе ја води меѓународната истрага за тоа како се рашири пандемијата на коронавирус

Денеска почнува дводневната онлајн-сесија на Светското здравствено собрание (WHA)на која претставниците од 194 земји-членки на Светската здравствена организација, наводно, ќе побараат истрага за меѓународниот одговор на тековната пандемија на коронавирус, пренесува „Спутник“.

За време на 73-то собрание на СЗО, учесниците конкретно ќе дискутираат за тоа како членките на телото на ОН се справија со ширењето на коронавирусот, кој веќе однесе најмалку 300.000 животи во светот.

Меѓународниот повик се очекува да биде предводен од ЕУ, заедно со голем број земји како што се Австралија, Нов Зеланд и Велика Британија, кои особено ќе се фокусираат на тоа какви лекции треба да се научат од пандемијата.

Би-би-си ја цитираше портпаролката на ЕУ, Вирџини Бату-Хенриксон, која рече дека истрагата на WHA има за цел да ги расветли клучните прашања.

„Како се рашири оваа пандемија? Која е епидемиологијата зад неа? Сето ова е од апсолутно клучно значење за да одиме напред и да избегнеме друга ваква пандемија“, истакна таа, додавајќи дека во моментов не е време да се занимаваат со никаква огра за префрлање вина.

Иако СЗО, наводно, ќе биде изложена на жестоко лритики поради справувањето со кризата со Ковид-19, портпаролката на организацијата, Маргарет Харис, подвлече дека WHA е секогаш добро време за ревизија на постапките на СЗО.

Сепак, таа вети дека СЗО ќе остане фокусирана на напорите да биде на чело на целокупниот одговор и решенијата за пандемијата на коронавирус.

Во оваа насока, Би-би-си го цитираше Деви Шридар, професор по глобално јавно здравство на Универзитетот во Единбург, кој рече дека големиот предизвик со епидемиите е тоа што ниту една земја не сака да има епидемија, не сака да призна дека има епидемија и се труди да го намали бројот на смртни случаи објавен во јавноста.

„Ако СЗО може да испрати во техничка меѓународната мисија чија работа не е да обвинува туку да го идентификува потеклото на болеста и да ги обезбеди најдобрите совети за другите земји, тоа би можело да биде позитивен начин да се спречи појавата на пандемија”, нагласи тој.

Собирот на WHA доаѓа во услови на растечки тензии меѓу Кина и САД во врска со Ковид-19, во кој СЗО се чини дека се вмеша откако американскиот претседател Доналд Трамп го прекина финансирањето на СЗО минатиот месец. ПОТУС ја обвини СЗО за лошо управување и прикривање на ширењето на коронавирусот од Кина, обвинувања што Пекинг ги негира.

Трамп најави и период на суспензија од 60 до 90 дена во очекување да заврши истрагата за СЗО и за кинеските активности на почетокот на пандемијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП