5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобалните дознаки ќе паднат за 20 проценти

Глобалните дознаки ќе паднат за 20 проценти

Пандемијата од коронавирусот доведе до отпуштање на голем број работници кои живеат и работат во странство, а последиците веќе ги чувствуваат нивните семејства кои зависат од парите кои им ги испраќаат.

Светската банка проценува дека вредноста на дознаките од странство ширум светот оваа година ќе паднат за 20 проценти.

Се проценува дека на најсиромашните луѓе во светот кои живеат од пари на роднини од странство, ќе им бидат скратени околу 100 милијарди долари, објави CNN.

Заради споредба, падот на вредноста на дознаките од странство поради светската економска криза во 2009 година изнесуваше 5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП