2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајбогатите Британци изгубија 54 милијарди фунти

Најбогатите Британци изгубија 54 милијарди фунти

 

Најбогатите Британци изгубија 54 милијарди фунти во последните два месеци поради пандемијата од коронавирус.

Independent известува за резултатите од студијата според која пандемијата од коронавирус довела до загуба од 54 милијарди фунти на најбогатите Британци.

По светската економска криза од 2008 година, богатството на овие луѓе продолжи да се зголемува од година во година, така што првите шест од нив заработија повеќе од 13,2 милиони од најсиромашните Британци заедно.

Меѓутоа, со пандемијата од коронавирус и нејзиното негативно влијание врз економијата, илјада најбогати Британци изгубија 54 милијарди фунти во последните два месеци.

На списокот на најбогатите сега се наоѓа и Џејмс Дајсон, кој во текот на претходната година заработи 3,6 милијарди фунти и така го зголеми своето богатство на 16,2 милијарди.

Дајсон се најде на првото место на листата и покрај загубата од 500 милиони фунти, откако се откажа од проектот за електричен автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП