среда, март 3, 2021
-3 °c
Skopje
7 ° сре
7 ° чет
6 ° пет
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати

ALK 14,223.94 1.19%    BESK 5,900.00 -1.67%    GRNT 1,279.57 -1.57%    KMB 7,912.47 2.79%    MKSD 244.00 3.39%    MPT 71,178.57 0.25%    OKTA 3,500.00 -0.03%    REPL 107,000.00 0.94%    RMDEN19 99.50 0%    RZLV 52.00 18.18%    SBT 3,346.00 1.64%    STB 1,211.70 -3.14%    STBP 486.00 -2.99%    TEL 328.00 0.31%    TNB 20,017.19 2.2%    TTK 1,400.00 2.97%    UNI 2,600.00 3.09%    
Почетна ИНТЕРВЈУ

Интервју со Тошо Мицевски, основач на TeachHoot

мај 18, 2020
во категорија ИНТЕРВЈУ, НАЈНОВИ ВЕСТИ, ТОП ВЕСТИ
A A
Интервју со Тошо Мицевски, основач на TeachHoot
63
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

Имплементацијата на сопствените идеи, дури и кога звучат лудо, е една од предностите на е-бизнисот

Границите коишто до вчера претставуваа пречка во комуникацијата, работата и учењето, денеска не постојат благодарение на интернетот и новите веб-апликации. Преку нивната примена, образовните програми се многу подостапни, а нивната корисност е особено видлива во услови на пандемија на коронавирус, кога се препорачува физичка дистанца и кога движењето е целосно ограничено.

Онлајн образовните програми сè уште се новитет кај нас, а токму една од компаниите кои ја започнаа едукативната револуција на онлајн приватни часови во државата е TeachHoot. Станува збор за платформа за целосна онлајн едукација, од закажување до наплата на часовите, без потреба од физичко присуство. Teachhoot платформата е едноставна за користење, каде моделот „класично туторство“ функционира така што учениците одбираат тема, пронаоѓаат тутор, се договараат за цената и часовите почнуваат. Вториот начин на настава е „решавање проблем“, каде што ученикот поставува прашање кое се испраќа до сите тутори кои се соодветни за темата, тие започнуваат со своевидна аукција, односно даваат понуди, а ученикот избира решение кое најмногу му одговара.

Како партнер во модернизирањето на образованието кај нас преку примена на информатички технологии, TeachHoot ја имаат Халкбанк, како единствена опција која овозможува платежни платформи за е-бизнисите во Македонија.

За најубавите моменти во водењето на е-бизнисот, за предусловите за развој на е-трговијата и за поддршката која ја нуди Халкбанк во онлајн образовниот процес, зборувавме со Тошо Мицевски, основач на TeachHoot.

  1. Се сеќавате ли на првата зделка преку вашата веб-платформа? Дали го прославивте тој момент?

Првиот онлајн час на TeachHoot беше изведен од едни наши познаници кои ѝ дадоа шанса на идејата. Часот нормално помина беспрекорно и бевме многу среќни поради тоа. Сепак, немавме време да прославиме зашто бевме премногу зафатени со работа.

  1. Кои се 3 клучни елементи за развој на успешен е-бизнис?

Според мене, на прво место го ставам добриот производ. Секогаш мора да имаш добар производ кој решава конкретни проблеми во општеството. На второ место би ја ставил добрата промоција на самиот производ на пазарот. И секако, на трето место е и можеби една од најважните за да може да просперира еден е-бизнис, а тоа е одличната услуга кон вашите постоечки клиенти, бидејќи добриот збор надалеку стига, а лошиот уште повеќе.

  1. Кои се најубавите моменти кои доаѓаат со водење е-бизнис? Кои се предностите?

Самата возбуда што доаѓа од имплементирање на твоите долгогодишни замисли и идеи. Слободата и можноста да се искажеш на едно елементарно ниво, дури и кога грешиш во некои работи. Да ги имплементираш сопствените идеи дури и кога звучат лудо. Да бидеш креативен без препреки.

  1. Која е алатката/услугата која ви го олеснува бизнисот?

Алатки кои ни го олеснуваат работниот процес, еве, може да кажеме Халкбанк ни го олеснува работниот процес, бидејќи преку нивната платежна платформа можеме да ги вршиме нашите наплати. Секако има и други алатки од областа на аналитиката и автоматизацијата на самите работни процеси.

  1. Кога би требало да ни раскажете само една кратка приказна поврзана со вашиот бизнис која би била таа?

Еве една интересна приказна од почетокот кога почнавме да работиме. Како што знаеме, ние Македонците сме како нација малку поскептични, малку повеќе доцниме со адаптирање, чекаме сите нешто да имплементираат, па после ние да го пробаме. Така на пример, на почетокот имаше ученици кои доаѓаат на нашата платформа, земаа приватни часови и туторите нè информираа дека камерите не работат, односно не можат да ги гледаат учениците. Учениците викаа дека најверојатно е некој технички проблем со платформата и така помина време, ние проверувавме и не најдовме никаква техничка грешка, никаков технички проблем. Подоцна сфативме дека всушност учениците ставале селотејп, односно ги лепеле камерите од лаптопот или од компјутерот со цел да на некој начин не им се украде идентитетот или да не им се злоупотреби нивниот лик.

  1. Дали имате направено онлајн нарачка и чекате да ви ја достават? Што би порачале во овој момент?

Имам направено многу онлајн нарачки. Претежно купуваме храна од „Кликни Јади“. Во овој момент имам нарачано една чаша за еспресо. А тоа што би сакал сега да ми пристигне е еден голем мрсен хамбургер.

  1. Кои се во моментов вашите омилени услуги кои ги нудат останатите е-бизниси?

Нешто што на дневна основа се користи е стримањето серии на Netflix, што е доста корисно кога имаш време да утепаш. Слушање музика на Deezer. И нормално, нарачување на храна преку „Кликни Јади“.

  1. Како Халкбанк се вклопи во вашата приказна?

Со Халкбанк станавме партнери откако детално го истраживме пазарот, односно сите банки кои овозможуваат e-commerce наплати во земјава. Халкбанк најмногу одговараше на нашиот бизнис модел. Истовремено имаше и една од најдобрите понуди, ако не и најдобра понуда, затоа и ја избравме Халкбанк. И секако поради добрата и беспрекорна комуникација со нивните вработени во овој процес.

  1. Дали Халкбанк помага за полесен развој на е-бизниси?

Секако дека Халкбанк како и другите банки помагаат во развојот на е-бизнисот во Македонија, поради тоа што се и единствена опција која овозможува платежни платформи за е-бизнисите во Македонија. Немаме други опции. Како што знаеме моментално PayPal како и некои други платформи не се функционални, односно не се функционални за комерцијална употреба. И поради тоа, доколку ги немаме овие банки и нивните платежни платформи, ограничувањето кое би го имале во водењето на е-бизнисот би било огромно.

Тагови: ебизнисинтервјуприказнапроизводтичхотхалкбанка
СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

Економското закрепнување може да зависи и од вакцината

Следна Објава

Русија блиску до решение: Вакцина веќе за три месеци?

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

Дневен хороскоп 03.03.2021
ЗДРАВЈЕ

Дневен хороскоп 03.03.2021

март 3, 2021
154

Овен (21.03 – 20.04) Можеби ќе бидете разочарани од колегите со кои имавте најблизок контакт и максимална доверба. Љубовната ситуација...

Прочитај повеќе
Наскоро ќе започне изградбата на првиот хотел во вселената, погледнете како треба да изгледа(ВИДЕО)
ТЕХНОЛОГИЈА

Наскоро ќе започне изградбата на првиот хотел во вселената, погледнете како треба да изгледа(ВИДЕО)

март 2, 2021
710

За неколку години треба да започне изградбата на првиот хотел во вселената, кој треба да има ресторани, кина и сместување...

Прочитај повеќе
Намирници за кои никогаш не би се посомневале дека ги уништуваат забите
ЗДРАВЈЕ

Намирници за кои никогаш не би се посомневале дека ги уништуваат забите

март 2, 2021
101

Нема личност која не сака блескава насмевка, но некои намирници потајно ги бојат нашите заби. За да се намали нивното...

Прочитај повеќе
Нови 726 заразени со коронавирус, седум лица починаа
ЕКОНОМИЈА

Нови 726 заразени со коронавирус, седум лица починаа

март 2, 2021
148

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 726 нови случаи на коронавирус, 368 оздравени и седум починати лица, соопшти...

Прочитај повеќе
Американски експерти: Новите видови коронавирус го носат четвртиот бран во Америка, заканата е вистинска
ЕКОНОМИЈА

Американски експерти: Новите видови коронавирус го носат четвртиот бран во Америка, заканата е вистинска

март 2, 2021
272

Ширењето нови и позаразни видови коронавирус го носи почетокот на четвртиот бран од ковид-пандемијата во САД, предупредуваат американските здравствени експерти....

Прочитај повеќе
Нова опасност: Првпат забележан вселенски ураган 1.000 километри над Северниот пол
ТЕХНОЛОГИЈА

Нова опасност: Првпат забележан вселенски ураган 1.000 километри над Северниот пол

март 2, 2021
847

Научниците го потврдија постоењето на вселенски урагани откако забележаа електрони кои паѓаат во атмосферата на Земјата. Тим предводен од научници...

Прочитај повеќе
Ја критикуваа бидејќи е премногу фотошопирана, а сега поради бикинито во кое едвај ги воздржа облините, ја креваат до небо!(ФОТО)
АВТОБИЗ

Ја критикуваа бидејќи е премногу фотошопирана, а сега поради бикинито во кое едвај ги воздржа облините, ја креваат до небо!(ФОТО)

март 2, 2021
416

Џенифер Лопез објави нова фотографија на Инстаграм, која ги тера нејзините обожаватели да се запрашаат како е можно да има...

Прочитај повеќе
W12 – адутот на Мерцедес за 2021 година
АВТОБИЗ

W12 – адутот на Мерцедес за 2021 година

март 2, 2021
27

Мерцедес го откри изгледот на болидот, со кој најсилниот адут на тимот, Луис Хамилтон, ќе се обиде да ја освои...

Прочитај повеќе
„Дајте музика“ со стари и нови македонски хитови за сите генерации
КУЛТУРА

„Дајте музика“ со стари и нови македонски хитови за сите генерации

март 2, 2021
15

Триесетте продолженија на популарниот детски серијал „Дајте музика“, како и минатата сезона, изобилуваа со забава, дружење, перипетии, детски интриги, радости,...

Прочитај повеќе
Со пет пара си „фати“ милионче! Нов милионер на Sport Life во Тетово
ЕКОНОМИЈА

Со пет пара си „фати“ милионче! Нов милионер на Sport Life во Тетово

март 2, 2021
251

Одличен викенд за играчот на Sport Life во Тетово. Со само 5 погодени пара на тикетот и тој се запиша...

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дневен хороскоп 03.03.2021

Дневен хороскоп 03.03.2021

март 3, 2021
Наскоро ќе започне изградбата на првиот хотел во вселената, погледнете како треба да изгледа(ВИДЕО)

Наскоро ќе започне изградбата на првиот хотел во вселената, погледнете како треба да изгледа(ВИДЕО)

март 2, 2021
Намирници за кои никогаш не би се посомневале дека ги уништуваат забите

Намирници за кои никогаш не би се посомневале дека ги уништуваат забите

март 2, 2021
Нови 726 заразени со коронавирус, седум лица починаа

Нови 726 заразени со коронавирус, седум лица починаа

март 2, 2021
Американски експерти: Новите видови коронавирус го носат четвртиот бран во Америка, заканата е вистинска

Американски експерти: Новите видови коронавирус го носат четвртиот бран во Америка, заканата е вистинска

март 2, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Нова опасност: Првпат забележан вселенски ураган 1.000 километри над Северниот пол

    Нова опасност: Првпат забележан вселенски ураган 1.000 километри над Северниот пол

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Наскоро ќе започне изградбата на првиот хотел во вселената, погледнете како треба да изгледа(ВИДЕО)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Ја критикуваа бидејќи е премногу фотошопирана, а сега поради бикинито во кое едвај ги воздржа облините, ја креваат до небо!(ФОТО)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Најдобрите чаеви за слабеење

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Американски експерти: Новите видови коронавирус го носат четвртиот бран во Америка, заканата е вистинска

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 03.03.2021
ЗДРАВЈЕ

Дневен хороскоп 03.03.2021

март 3, 2021
154
Неделен хороскоп 01.03.2021 до 07.03.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 01.03.2021 до 07.03.2021

март 1, 2021
3.2k

КВИЗОВИ

Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?
КВИЗ

Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?

февруари 25, 2021
682

Со која вакцина против Ковид-19 би се вакцинирале?
Гласај

Следна Објава
Русија блиску до решение: Вакцина веќе за три месеци?

Русија блиску до решение: Вакцина веќе за три месеци?

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани