25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономското закрепнување може да зависи и од вакцината

Економското закрепнување може да зависи и од вакцината

Директорот на американските Федералните резерви, Џером Пауел, изјави дека економското закрепнување на САД може да се прошири длабоко и во наредната година.

Тој додаде и дека целосно закрепнување може да зависи од пронаоѓање на вакцина за коронавирусот.

„Оваа економија ќе закрепне. Можеби тоа ќе потрае некое време, може да трае до крајот на следната година. Навистина не знаеме“, изјави Пауел, пренесува Reuters.

„Под претпоставка да нема втор бран на коронавирус, мислам дека економијата постепено ќе закрепнува во текот на втората половина на оваа година“, истакна Пауел.

Според него, за да може економијата целосно да се опорави, луѓето ќе мора да бидат целосно сигурни дека се безбедни, а за тоа може да биде потребно да се чека вакцината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП