28 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата пораснаа трета недела по ред

Цените на нафтата пораснаа трета недела по ред

Цените на нафтата на светските пазари пораснаа минатата недела, трета, бидејќи многу земји ширум светот ги ублажија рестриктивните мерки во врска за сузбивање на коронавирусот, па побарувачката за „црно злато“ расте, додека залихите се намалуваат.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела се зголеми за 5,2 проценти, на 32,50 долари, додека на американскиот пазар, барелот се зголеми за скоро 20 проценти, на 29,43 долари.

Цените на нафтата со месеци беа под притисок, паѓајќи на најниско ниво во последните 20 години, бидејќи поради коронакризата, сите најголеми светски економии паднаа во рецесија, па нагло падна и побарувачката за „црно злато“.

Но, во последните три недели, цените значително се зголемија бидејќи многу земји ги ублажија рестриктивните мерки, со оглед на успорувањето на ширењето на коронавирусот, па побарувачката за нафта се зајакнува, а залихите паѓаат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП