23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндија ја помина Кина по бројот на заболени од коронавирус

Индија ја помина Кина по бројот на заболени од коронавирус

Во Индија потврдени се 85.940 случаи на коронавирус, со што земјата ја надмина Кина во однос на бројот на официјално заразени, но строгите мерки воведени кон крајот на март ја намалија стапката на ширење на коронавирус.

Федералните премиери и претприемачи го повикаа премиерот Нарендра Моди да ја стартува економијата, но се очекува Владата да го продолжи карантинот, со укинување на одредени мерки.

Досега од коронавирусот умреле 2.752 Индијци, што е многу помалку отколку во земјите со сличен број заразени лица.

Министерот за здравство, Харс Вардан, е оптимист за забавување на ширењето на вирусот.

„Јасно е дека ситуацијата се подобри како резултат на карантинот. Ние го искористивме овој период за подобрување на мерките во јавното здравство, како што се откривање нови случаи, следење на контакти, изолирање и управување со нови случаи“, рече Вардан.

Индиските власти тврдат дека малата смртност во Индија веројатно може да се припише на големиот број асимптоматски или случаи со благи симптоми и дека карантинот помогнал да се спречи катастрофата.

Исто така, 93,5 проценти од населението е на возраст под 65 години, а од коронавирус повеќе умираат постарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП