20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветот наскоро би можел да го добие првиот трилионер

Светот наскоро би можел да го добие првиот трилионер

Според истражувањето на консултантската компанија Copmarisun, сопственикот на Amazon, Џеф Безос, во оваа деценија ќе достигне статус на прв трилионер во историјата.

Тој ќе го заземе тоа место и покрај пандемијата од коронавирус, или токму поради тоа. Иако тој донираше милијарди долари за борба против пандемијата, оваа состојба всушност значително ја зголеми неговата нето вредност.

Во првиот квартален извештај на Amazon се наведува дека тие имале приход од над 75 милијарди долари (во првите три месеци од 2020 година).

Во тој клуб на трилионери во последната година и половина, се сменија некои компании, како Apple, Microsoft и Alphabet. Во исто време, се зголемуваше богатството на Безос.

Во последните пет години пораснало за 34 проценти. Ако овој тренд продолжи, тој ќе биде трилионер до 2026 година – кога ќе има 62 години.

Според овие статистики, Марк Цукерберг би можел да стане најмладиот трилионер на светот во 2036 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП