25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина возвраќа со забрана за Apple, Boeing, Qualcomm?

Кина возвраќа со забрана за Apple, Boeing, Qualcomm?

Официјален Пекинг би можел да направи “список на несигурни субјекти”, кој би се состоел од американски компании, пишува денес Global Times.

Меѓу компаниите кои би биле на списокот се споменуваат Cisco, Apple и Qualcomm, а кинеската државна администрација, наводно, е подготвена и да ги откаже нарачките за Boeing доколку администрацијата на Трамп ја задржи досегашната политика спрема Huawei.

Претходно во текот на денешниот ден, Бирото на САД за индустрија и безбедност усвои правило според кое ќе му биде забрането на кинескиот технолошки гигант да купува чипови кои се директен производ на одредени американски софтверски и технолошки компании.

Компанијата чие седиште е во Шенжен, утрово е одобрено 90-дневно продолжување на Општата привремена лиценца за работа во Соединетите Држави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП