26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрилепска Пиварница прокнижи загуба за приот квартал од годинава

Прилепска Пиварница прокнижи загуба за приот квартал од годинава

Прилепска Пиварница АД Прилеп за периодот јануари-март 2020 година оствари загува на износ од 9.728.433,00 денари.

Во првото тримесечие од 2020 година Прилепска Пиварница оствари вкупен приход во износ од 301.148.239 ден. кој во споредба со остварениот вкупен приход во 2019 година покажува остварување од 97,65%. Во структурата на приходите најголемо учество има приходот од продажба на производи од 199.686.010 денари и учествува со 66,31%, па приходот од продажба на стоки од 92.047.460 денари и учествува со 30,56%, додека останатите приходи од 9.414.769 денари учествуваат со 3,13% и се остварени по основ на приходи од употреба на сопствени производи, останати деловни приходи и финансиски приходи.

Остварените вкупни расходи во првото тримесечие од 2020 год. изнесуваат 310.876.672 ден. и во споредба со остварените вкупни расходи во 2019 год. бележат пораст од 3,42%.

Од компанијата велат дека причините за порастот на вредноста на потрошените суровини и материјали како и потрошената енергија и материјали за енергија се во промената на цените на влезните суровини, материјали и енергенси низ 2019 год., истите се набавуваат во поголем дел од увоз а дел од домашен пазар што неминовно се одрази на вредноста на наведените трошоци. Причините за порастот на транспортните трошоци во 2020 год. се сеуште зголемениот увоз натр говска стока и нејзиниот транспортот од странство до главниот магацин како и заради ставањето во употреба во првата половина од 2019г. на новиот изнајмен магацин во склоп на Дистрибутивниот центар – Скопје со површина од 5.000м2 за покривање на продажбата во северниот дел од државата и створената потреба од транспорт на производите и стоките за постигнување оптимална залиха во магацинот и заради зголемената потреба од транспорт на производите и стоките од Прилеп за покривање на залихите и продажбата на производите и стоките на теренот покриен преку магацинот во Дистрибутивниот центар – Скопје, Наемнините – закупот и лизингот на возила се зголемени од причини што ставањето во употреба на изнајмениот дополнителен магацин во склоп на Дистрибутивниот центар – Скопје соодветно се одрази на вредноста на закупнината односно закупнината се зголеми правопропорционално со зголемената квадратура на магацинот, а воедно во 2020 год. е пораснат надоместокот за оперативен лизинг на нови возила ставени во употреба во поголем број отколку во 2019 год. Бруто платите се со пораст од 5,20%, а основната причината за зголемување на вредноста на бруто платите е што трендот на одлевање на работна сила со кој се соочи стопанството во државата не ја одмина ни Прилепска Пиварница АД Прилеп и беше неминовност но и донесена и спроведена стратегија во Друштвото да се задржат и да зголемуваат платите на вработените за да се ублажи одливот на работната сила. Дополнително зарaди потреба од промена на начинот на продажба беше зголемен бројот на вработени лица во продажниот сектор за да биде покриена територијата на Штипско-Кочанскиот регион, што доведе до зголемување на вкупната бруто плата на Друштвото.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП