19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп: Вистинско време е за силен долар, а таков и ќе остане

Трамп: Вистинско време е за силен долар, а таков и ќе остане

Претседателот на САД, Доналд Трамп во четвртокот изјави дека поддржува силен долар, бидејќи индексот на доларот продолжи да расте откако претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел ја отфрли идејата за користење на негативни каматни стапки и покрај поддршката на Трамп за идејата.

„Крајно време е за силен долар. Секој сака да има долари, затоа што го задржавме силен, а таков и ќе остане“, изјави Трамп во интервју за Fox Business Network, а објави Investing.

Доларот во четвртокот зајакна, растејќи 0,3 проценти до највисокиот износ во последните три недели на 100,47.

Во средата, шефот на американската Централна банка, направи пореална проценка на американската економија поради новата пандемија од коронавирусот која ги разори глобалните пазари.

„Мислам дека закрепнувањето би можело да биде побавно отколку што би сакале“, изјави Пауел, порачувајќи му на Конгресот да стори повеќе за решавање на кризата. Тој изјави дека негативните каматни стапки не се опција за која се размислува.

Трамп, во четвртокот изјави дека може да се живее на двата начина, во смисла на јачината на доларот, но изјави дека ја поддржува новата одлука.

„Од трговска гледна точка вака е потешко, но за граѓаните на државата и инфлацијата е полесно – немате инфлација, немате проблеми“, изјави тој.

Трамп, претходно ги повика Федералните резерви да ги насочат стапките на негативна територија, како начин да се ограничи силата на доларот и да го одржат американскиот извоз конкурентен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП