24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИлон Маск продава уште пет од своите куќи

Илон Маск продава уште пет од своите куќи

Американскиот милијардер, Илон Муск продолжи да го исполнува ветувањето дека нема да поседува ниедна куќа и најави продажба на пет од нив.

На продажба стави пет имоти кои ги поседува во Калифорнија со вкупна вредност од 97,5 милиони долари.

Од нив четири се на Бел Ер, а еден во престижниот Хилсборо во Силиконската долина.

Тој претходно веќе стави на продажба два имоти во Бел Ер кога на почетокот на мај објави дека сака да живее во изнајмен имот. Ги објави овие два имоти за 39,5 милиони долари.

Имотот во Хилсборо опфаќа 47 хектари и има патеки за пешачење, градини и повеќе од 100-годишна куќа со десет спални соби.

Минатата недела на твитер најави дека ќе го пресели седиштето на неговата компанија Tesla од Калифорнија во Невада, откако локалната власт не му дозволила да започне со работа во фабриката во Фремонт поради рестриктивните мерки во борбата против коронавирусот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП