3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТехнолошките гиганти ќе плаќаат на австралиските медиуми користење на нивните содржини

Технолошките гиганти ќе плаќаат на австралиските медиуми користење на нивните содржини

Дигиталните медиуми ќе плаќаат на австралиските медиуми 600 милиони австралиски долари (околу 400 милиони американски долари) годишно поради употреба на медиумски содржини за рекламирање, пресметала водечката компанија за медиуми Nine Entertainment.

Австралиската влада во март објави дека подготвува прописи кои ќе ги обврзат Google, Facebook и другите технолошки компании да ги поделат приходите од рекламирање остварени со поддршка на медиумски содржини понудени на пребарувачите.

Иницијативата предизвика големо внимание низ целиот свет, а владата во Канбера најави детали за задолжителните такси во склоп на кодексот кој би требало да ги регулира обврските на технолошките гиганти кон медиумите за јули.

Претседателот на втората по големина австалиска компанија, Петер Костело, изјави во четвртокот дека таксите треба да изнесуваат 10 проценти од годишните приходи од рекламирање од технолошки компании во Австралија, која владата ги проценува на околу 3,9 милијарди австралиски долари.

„Тие во основа користат производ кои го произвеле медиумски организации и за него не плаќаат ни цент. Всушност, го користат за да ги зголемат сопствените приходи и преземаат рекламирање кое во други услови би се потпреле на новинарството“, изјави шефот на Nine Entertainment.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП