20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа

Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа

Во изминатите 24 часа направени се 349 тестирања, а потврдени 29 нови случаи на КОВИД-19. Најмногу (девет) се во Скопје, шест во Прилеп, пет во Тетово, по двајца во Струга, Велес, Битола и Охрид и еден дијагностициран во Куманово. Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал шест оздравени пациенти – тројца во Велес и по еден во Штип, Гостивар и Кочани.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести се примени пет пациенти, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 20 пациенти, на механичка вентилација се тројца пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 27. На респираторна машина се четворица пациенти и уште тројца се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани тројца, на домашно лекување се следат уште двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно шест, нема повеќе пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 49 пациенти позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Со новите 29 потврдени случаи, вкупниот број дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата е 1723, оздравени пациенти се 1235, а бројот на починати е 95. Активни случаи во моментов има 393.

Направените 349 теста се преку: Институтот за јавно здравје (211), Ветеринарен факултет (27), Авицена (17), Биотек (34), Филип Втори – Жан Митрев (33), Систина со ПСР-метод (10) и МАНУ (17). Досега во земјава се направени вкупно 20 088 тестирања на КОВИД-19.

Министерството информира за бројот на дијагностицирани и активни по градови:

Скопје – 588, активни 138
Куманово – 411, активни 47
Дебар – 51, активни 0
Штип-35, активни 1
Прилеп –190, активни 62
Тетово – 126, активни 63
Струга – 69, активни 6
Велес – 111, активни 49
Битола –25, активни 6
Охрид –17, активни 2
Кавадарци – 5, активни 0
Гостивар –19, активни 3
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 2, активни 0
Крива Паланка- 6, активни 2
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 31, активни 4
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 2, активни 0
Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево- 3, активни 1
Делчево-1, активни 0
Валандово -1, активни 1
Виница – 2, активни 0
Кратово-2, активни 2
Берово-1, активни 1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП