26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFiat Chrysler и Peugeot одлучија: Нема дивиденда за 2019 година

Fiat Chrysler и Peugeot одлучија: Нема дивиденда за 2019 година

Управниот одбор на директори на компаниите Fiat Chrysler Automobiles и Peugeot одлучија оваа година да не исплаќат на акционерите редовни дивиденди за 2019 година.

Така одлучија поради падот на побарувачката предизвикана од пандемијата COVID-19, соопштија двата производители на автомобили.

Здравствената криза ја турка глобалната автомобилска индустрија во најдлабока бездна од финансиската криза 2008/09 година. Побарувачката на клиентите за возила драстично падна како резултат на вондредната состојба во борбата против пандемијата која ја воведоа владите ширум Европа и Соединетите држави.

Двете компании, исто така потврдија дека подготовките за нивно спојување напредуваат кога станува збор за текот на постапките на пропишаните антимонополски и други регулативи, пренесува Reuters.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП