26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција поставува камери во училниците за контрола на мерките на дистанцирање

Грција поставува камери во училниците за контрола на мерките на дистанцирање

Грчката влада соопштила дека ќе постави камери во училниците во средните училишта кога повторно ќе почнат со работа следната недела за да следат дали се почитуваат мерките за социјално дистанцирање.

На ова остро се спротивставија синдикатите и опозициските партии, тврдејќи дека со тоа се нарушува приватноста.

Преносот во живо е легален под посебни околности, но видео материјалот не може да се снима или чува, објави AP.

Камерите во училниците ќе овозможат безбедна ротација на учениците кои одат на часови, како и нивно дистанцирање.

Меѓутоа, грчката главна левичарска опозициска партија Сириза го нарече поставувањето на камери во училиштата “сериозен ризик” за учениците и вети дека ќе го покрене тоа прашање во Европскиот парламент.

Родителите до четврток навечер мора да одлучат дали ќе им дозволат на своите деца да одат на часови или да продолжат да учат онлајн.

Училиштата се затворени од 11 март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП