25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦелосно закрепнување на воздушниот сообраќај во 2023 година

Целосно закрепнување на воздушниот сообраќај во 2023 година

Воздушниот сообраќај нема да се врати на нивото пред епидемијата од коронавирус се до 2023 година, процени Меѓународното здружение за воздушен сообраќај (IATA).

IATA, организација која собира 290 авиокомпании, проценува дека во 2021 година сообраќајот, мерен во километри по патник, ќе биде помал за 24 проценти од нивото во 2019 година, а проценката се заснова на закрепнувањето кое би започнало во третиот квартал во 2020 година со отворање на домашните линии.

Во песимистичкото сценарио, каде ограничувањата за движење ќе останат и во третиот квартал од оваа година, IATA предвидува пад на прометот од 34 проценти следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП