20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНајновото истражување открива: Еве зошто коронавирусот повеќе ги погодува мажите

Најновото истражување открива: Еве зошто коронавирусот повеќе ги погодува мажите

Иако од COVID-19 може да се разболи било кој, се чини дека оваа болест најмногу ги погодува постарите мажи со хронични заболувања, покажа новото истражување.

Студијата, која е објавена денес во ,,Европскиот магазин за срце”, открива дека мажите со срцеви заболувања имаат поголема концентрација на одреден ензим во крвта, ензим кој создава ангиотензин 2 или ACE2, отколку жените со срцеви заболувања, објави CNN.

Повисоките концентрации на ACE2 може да доведат до зголемена ранливост од коронавирусот, сметаат авторите на студијата, но потребни се повеќе истражувања, особено затоа што возрасните кои учествувале во студијата не биле пациенти со COVID-19.

ACE2 е рецептор на површината на клетката. Се врзува за коронавирус и му дозволува да влезе и да зарази здрави клетки откако ќе биде модифициран друг протеин на клеточната површина, истакна во соопштението д-р Адријан Ворс, професор по кардиологија на Универзитетскиот медицински центар Гронинген во Холандија, кој ја водел студијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП