4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндија: За подршка на економијата 265 милијарди долари

Индија: За подршка на економијата 265 милијарди долари

Индискиот премиер, Нарендра Моди најави издвојување пакети за економска помош во износ од над 265 милијарди долари за борба против епидемијата на новиот тип на коронавирус (COVID-19).

Моди на новинарите им изјави дека подготвиле пакет помош за поддршка на економијата на земјата и станува збор за средства поголеми од 265 милијарди долари, објави Anadolu.

Додаде дека станува збор за средства кои се во пропорција од околу 10 проценти од индискиот бруто домашен производ.

Индискиот премиер изјави дека пакетот помош е наменет за работниците, земјоделците, малите бизниси и даночните обврзници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП