24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп и порача на Калифорнија: Tesla мора веднаш да почне со работа

Трамп и порача на Калифорнија: Tesla мора веднаш да почне со работа

Американскиот претседател, Доналд Трамп се вмеша во конфликтот помеѓу директорот на компанијата Tesla, Илон Маск со калифорниските власти.

“Калифорнија мора да му овозможи на Илон Маск моментално отварање на фабриките за производство на автомобили Tesla. Тоа може да се направи брзо и безбедно”, напиша Трамп на Твитер.

За потсетување, вчера Илон Маск ја отвори својата фабрика за производство на автомобили Tesla во Калифорнија, и покрај забраната за работа која е во сила во таа американска држава. Маск претходно изјави дека ќе ги премести фабриката и седиштето на компанијата од Калифорнија, доколку надлежните не дозволат отворање во контекст на ограничувањата поради пандемијата.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом изјави на вчерашната прес конференција дека не бил упатен во деталите за конфликтот на Маск со локалните власти, но е заинтересиран за понатамошна соработка на таа држава со Tesla.

Фабриката за електрични автомобили престана со производство на 26 март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП