17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција бара акција на ЕУ за закрепнување на туристичката индустрија

Грција бара акција на ЕУ за закрепнување на туристичката индустрија

Во очи на објавата на Европската комисија за следните насоки и активности на ЕУ, владата на Грција неформално предложила да се укинат забраните за патување од 15 јуни.

Исто така, Грција апелирала за започнување на широка европска акција насочена кон закрепнување на туризмот.

Во документот на грчката влада се укажува дека неизвесноста го прави туризмот чувствителен и дека европскиот одговор на овој проблем мора „да содржи конкретни мерки насочени кон рестартирање на европскиот туризам и тоа на изедначен и координиран начин“.

Помеѓу другото, официјална Атина предложила од 15 јуни да се укинат забраните за патување каде тоа е можно во земјите на ЕУ, како и сите видови на транспорт да бидат реактивирани истовремено.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП