14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБуџетскиот дефицит на САД во април изнесува 738 милијарди долари

Буџетскиот дефицит на САД во април изнесува 738 милијарди долари

САД објавија рекорден буџетски дефицит од 738 милијарди долари во април оваа година.

Тој е создаден поради огромните распределби на владата и драстично намалениот прилив во државната каса за време на пандемијата од коронавирус, објави Reuters.

Министерството за финансии на САД објави дека буџетскиот дефицит во април е вистински ран показател за огромните издвојувања на владата, утврдени со цел да се ублажи ударот на пандемијата од коронавирусот врз американската економија.

Американскиот Конгрес досега одобри пакети економска помош на економијата во САД во висина од 3.000 милијарди долари, а во април доспеаа за плаќање некои од првите пакети со мерки.

Државата во април приходуваше 242 милијарди долари, што е за 55 проценти помалку отколку во истиот период минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП