26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА"Германија да помогне на европските економии"

“Германија да помогне на европските економии”

Германија мора да им помогне на другите членки на Европската унија да ги обноват своите економии по кризата предизвикана од коронавирусот.

Ова го изјави канцеларката Ангела Меркел на состанокот со членовите на нејзината коалиција, која се состои од ЦДУ и ЦСУ.

За Германија како извозно ориентирана нација, клучно е и нејзините партнери во ЕУ да бидат добро, изјави Меркел.

Таа посочи дека се потребни нови консултации за програмата за обнова на ЕУ.

Не е во ничиј интерес само Германија да излезе силно од кризата, изјави Меркел, а пренесуваат учесниците на состанокот, наведува Reuters.

Таа се согласи со водачот на фракцијата ЦДУ / ЦСУ, Ралф Бринхаус, дека Германија ќе мора да пренесе значителни финансиски средства во Брисел, а за тоа ќе одлучува Бундестагот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП